Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават на атлетската трка „Трчаме за Рацин“ што ќе се одржи на 31 мај, годинава. Веќе се отворени пријавите за петтото издание на трката и граѓаните можат да се пријават на линкот подолу во објавата, најдоцна до 25 мај 2026 година.

И годинава, учесниците ќе трчаат на пет и 10 километри, на нова лиценцирана патека според светски стандарди, со најниска котизација за учество и еден од највисоките парични наградни фондови во Македонија.

По завршувањето на главните трки ќе се одржи и детска трка поделена во неколку категории. Учеството на најмалите е без котизација, но со задолжителна пријава на линкот.

Јубилејното издание на трката ќе се одржи во рамки на 63. Меѓународни Рацинови средби.

„Трчаме за Рацин“ е во организација на Општина Велес и Атлетска федерација на Македонија.

Општина Велес со апел до сите рекреативци и професионалци да се пријават на трката и заедно да ги истрчаме предвидените километри во чест на великанот Коста Солев Рацин.

https://veles.trki.mk/mk/events/trcame-za-racin-2026