„Социјални услуги и образование за лицата со попреченост“ е темата на денешната дискусија на Амбасадорот на Кралството Шведска, Н.Е. Ола Солстром и претседателката на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Далиборка Златева на која присуствуваше и градоначалникот Марко Колев. На средбата се дискутираше за социјалните услуги и едукација што ги добиваат лицата со попреченост во нашата општина, повеќегодишната работа на ова поле на здружението како и за посветеноста кон оваа проблематика на шведскиот амбасадор.
На денешната средба во Европска куќа присутни беа и претставици од стручните служби на ООУ „Васил Главинов“ кои споделија свои искуства со децата кои се вклучени во образовниот процес.
Улогата на Општина Велес е од големо значење за унапредување и подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост. Само со заедничка и посветена работа на сите релевантни институции и здруженија може да се изгради општество во кое сите ќе имаат еднакви можности.









