Согласно член 4-а став (1) од Закон за угостителската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2004, 89/2008, 115/2010, 53/2011, 141/2012, 164/2013, 187/2013, 166/2014, 199/2014, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 53/2016 и 71/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/2020 и 16/2025) „физичките лица кои согласно одредбите од овој закон вршат угостителска дејност поднесуваат барање за упис во регистарот до градоначалникот на општината“.

Оттука, Општина Велес ги повикува физичките лица и селските домаќинства кои вршат угостителска дејност, изнајмување на приватни сместувачки капацитети – куќи, станови, апартмани и соби за одмор (најмногу до 10 соби или 20 легла) на подрачјето на Општина Велес, да поднесат Барање за упис во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем.

По уписот во регистарот, се поднесува Барање за категоризација на куќи, станови, апартмани и соби за одмор.

Со исполнување на законската обврска се подобрува и соработката помеѓу локалната самоуправа и локалниот угостителско-туристички сектор, односно се придонесува во развојот на туризмот во Општина Велес со збогатување на туристичката понуда на угостителски услуги за изнајмување на приватни сместувачки капацитети – куќи, станови, апартмани и соби за одмор.

Упатството,  постапката и обрасците за упис во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и регистарот за категоризираните угостителски објекти, може да се преземат од веб страната на Општина Велес https://veles.gov.mk/  или да се подигнат од архива на општината.