Централното одбележување на Денот на Европа се одржа денеска со засадување на 2.500 садници во близина на езеро Младост. Акцијата се реализираше под мотото „Наша Европа – Растеме заедноп“ во организација на мрежата на Јуроп Хаус и Делегацијата на Европската Унија. На акцијата учествуваше и градоначалникот Марко Колев кој заедно со претставници на делегацијата и амбасадорките на Словенија и Литванија посадија млади садници како симбол на заедништвото и грижата за локалната заедница.
Општина Велес останува доследна на напорите за зачувување на здравата животна средина.

















