Викендов Велес беше центар на мото културата, се одржа 16. издание на Moto beach party на велешко езеро Младост.  И покрај дождливото време над 1.000 мотоциклисти  од повеќе клубови  од Македонија и Балканот како и стотици други посетители и љубители на мото културата уживаа во богатата едукативна и музичка програма.

Настанот започна со традиционалното дефиле на мотоциклистите низ улиците на Велес кои го привлекоа вниманието на бројните граѓани.

Општина Велес упатува голема благодарност до организаторот на настанот  здружението на граѓани Мото клубот „Носачи на крстот МК“ и сите оние кои придонесоа да се организира овој традиционален настан во Велес.