Со показни вежби и презентација на возила и опрема, денеска, територијалната противпожарна единица Велес го одбележа 20 мај, Денот на пожарникарите. На свечениот настан присутни беа децата од градинката „Димче Мирчев“ и учениците од основните училишта во градот. Тие со големо внимание ги следеа симулациите на интервенции и со воодушевување ги разгледуваа специјализираните возила и опрема со кои пожарникарите се справуваат со огнените стихии.

Во знак на благодарност децата им доделија симболични ордени за храброст.

Општина Велес им го честита Денот на пожарникарите и изразува голема благодарност за нивната беспрекорна посветеност и пожртвуваност за безбедноста на граѓаните.