Се известуваат граѓаните дека поради одржување и подготовки на атлетската трка „Трчаме за Рацин“, потребно е да се ослободи десната коловозна лента на потегот од Трговскиот центар, долж улицата „Благој Ѓорев“, се до Театарот.
За таа цел, се апелира навремено да се отстранат сите паркирани возила од овој потег. Истовремено, се молат граѓаните да не ја користат десната коловозна лента за паркирање во периодот од 28.05 (четврток) до 31.05 (недела), односно се до финалното завршување на трката.
Оваа мерка се спроведува со цел обезбедување услови за непречена подготовка, како и максимална безбедност на сите учесници во спортската манифестација.


