По повод Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, Општина Велес организираше ораторски натпревар за учениците од средните училишта во градот, на тема „Словото не молчи – буквите што ги родија народите зборуваат и денес“.
Тричлената комисија во состав Елизабета Митреска Ангелеска, Валентина Ѓорѓиевска и Наташа Брезовска Богоевска, по детално оценување на говорите, ги прогласи најдобрите учесници:
Прво место: Мерве Исмаилова (ОСУ „Јовче Тесличков“), ментор Милка Петровски.
Второ место: Љубе Лазов (СОУ „Гимназија Кочо Рацин“), ментор Виолета Карамаркова.
Трето место: Теодора Панова (СОУ „Гимназија Кочо Рацин“), ментор Александра Стојановска.
Општина Велес упатува искрена благодарност до сите учесници и нивните ментори за одличните говори со кои уште еднаш потсетија на значењето на јазикот, азбуката и идентитетот, покажувајќи дека младите се нашата иднина.


















