Петтото издание на атлетската трка „Трчаме за Рацин“ успешно се реализираше низ улиците на Велес. Околу 400 учесници во машка и женска кокуренција истрчаа 5 километри и стотина истрчаа 10 километри на новата лиценцирана патека, согласно стандардите на Светска атлетика и на тој начин му оддадоа почит на великанот со кој Велес се гордее. На траката учествуваа и над 300 дечиња кои истрчаа заедно со Соник и покажаа дека се наследници на Рацин.
За забавниот дел на атлетската трка се погрижија DJ 5rov, DJ Vnukot, DJ Flexify, DJ Zorbital I The Hounds, а за целокупниот впечаток се погрижи водителот Марко Новески.
Општина Велес со честитки до победниците на главните трки и дополнителните категории, до Атлетската федерација на Македонија, за одличната организација и соработка, како и до сите учесници, клубови, училишта, волонтери, публиката која ги бодреше учесниците и навиваше за нив, спонзорите, поддржувачите и сите кои придонесоа за успешна реализација на јубилејното издание на трката.
Сите фотографии од атлетската трка „Трчаме за Рацин“ можете да ги видите на следниот линк.





























