Полскиот лингвист, славист и македонист, проф. д-р хаб. Маќеј Кафка е добитник на Почесното Рациново признание за 2026 година. Ваква одлука донесе организацискиот одбор на 63. Рацинови средби во чиј состав се градоначалникот Марко Колев како претседател на одборот, проф.д-р Весна Чипишевска Мојсова, проф. д-р Кристина Николовска, Менка Андреева и Снежана Бошевска. Престижната награда Кавка ја добива за својот 50 годишен придонес во развојот и афирмацијата на македонскиот јазик и полско-македонските научни врски. Автор е на бројни трудови посветени на македонскиот јазик, македонската литература и македонската култура.
„Изразувам голема благодарност до Министерството за култура и туризам што годинава дадоа голема поддршка за оваа значајна манифестација која е гордост на сите велешани“, истакна градоначалникот Колев.
Чествувањето на годинешните Рациновите средби започна на 31 мај со атлетската трка во чест на бесмртниот и ќе трае до 16 јуни. Во чест на Рацин, на различни локации низ градот ќе се реализираат бројни културни, спортски и уметнички настани во соработка со голем број институции, здруженија на граѓани и поединци.
Во рамки на шеесет и третото издание на Рацинови средби ќе бидат доделени Рациновото и Почесното Рациново признание.
Програмата за 63. Рацинови средби










