На 83 годишнината од смртта на поетот и револуционер Коста Солев Рацин, делегација на Општина Велес предводена од претседателот на Советот на Општина Велес Даниел Јаневски го посети местото на погибјето на Рацин, на планината Лопушник, и положи цвеќе пред споменикот и му оддаде почит на великанот.
Пред споменикот подигнат во чест на Рацин се поклонија и ултрамаратонците кои успешно го завршија маратонот во чест на поетот, како и велосипедистите и планинарите кои денес се упатија кон Лопушник.













