Вчеравечер Велес го чествуваше ликот и делото на безвремениот Коста Солев Рацин. Делегација на Општина Велес, советници, претставници на институции и по читувачи на Рацин положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште Спомен костурницата како и на споменикот посветен на него во дворот на велешката Гимназија. На свечената церемонија во велешкиот театар посетителите имаа можност да проследат танцов перформанс и хорска изведба, а во чест на бесмртниот беседеше академик проф. д-р Катица Ќулавкова. Во отсуство на добитникот беше доделено Рациновото признание за 2026 година на авторот Наум Пановски за делото ,,Коста Рацин Смртопис,,. Вечерта ја заокружи перформансот на Никола Мицевски и Дамјан Пејчиноски дуо.