Со врачување на Почесното Рациново признание на овогодинешниот лауреат, Маќеј Кавка од Полска започна втората свеченост по повод 63.Рацинови средби. Признанието на Кавка му го врачи градоначалникот Марко Колев со што му оддаде благодарност за неговиот придонес во развој и афирмација на македонскиот јазик надвор од Македонија. Љубителите на поезијата уживаа во рециталите на петнаесетина поети од Македонија и странство. Одбележувањето на 63 – тото издание на Рациновите средби заврши со концертот на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, кои приредија вистинско уживање за многубројнат публика во амфитеатар. Пред свеченоста, во чест на Рацин, се отвори изложбата ,,Имплозија и катарза,, на авторот Филип Коруновски.



















