Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр.62/05………120/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.110/19………39/25) и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот Јавен оглас бр.01/2026 (со арх.бр.04-2665/2 од 05.06.2025 година), Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната
О Д Л У К А
за избор на кандидат по Јавен оглас
за вработување на определено време
- Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас бр.01/2026 (со арх. бр.04-2665/2 од 06.2026 година) за прием на работник во работен однос на определено време на работно место – Советник за примена на прописи, постапки и обуки за човечки ресурси, ниво В1 шифра УПР 01 01 В01 000 – 1 (еден) извршител, изврши избор на следниот кандидат:
-Taтјана Темелковска
- Врз основа на одлуката за избор, со избраниот кандидадат наведен во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на определено време.
- Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Општина Велес на ден 10.06.2026 година, објави Јавен оглас бр.01/2026 (со арх. бр.04-2665/2 од 05.06.2026 година), за прием на работник во работен однос на определено време на работно место – Советник за примена на прописи, постапки и обуки за човечки ресурси, ниво В1 шифра УПР 01 01 В01 000 –1(еден) извршител, утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес.
Комисијата за селекција на пристигнатите документи, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатата пријава и документи и изврши проверка на истите. За извршената селекција на пристигнатите докумeнти и пријава по огласот, Комисијата за селекција до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со бр.04-2665/7 од 16.06.2026 година, со конечна ранг-листа.
Врз основа на доставениот записник, а согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на еден кандидат и донесе одлука како во диспозитивот.
Правна поука: Против оваа одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.


