Врз основа на член 50, став 3 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 101/25 и 127/25), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

 

 

СООПШТЕНИЕ

ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ОПШТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА 

Стручна расправа и Јавна презентација со Јавна расправа по Нацрт план Измена и дополнување на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 1, УБ 7 и УБ 9

и

Јавна презентација и Јавна анкета за Нацрт план Детален урбанистички план за дел од УЕ 1, дел од УБ 9, плански опфат помеѓу ул. „АСНОМ“ (Моша Пијаде), ул. „Алексо Демниевски и ул. „Новопланирана улица 1

(обединета постапка)

 

 

 

Вкупната површина на планскиот опфат, што се применува при изработка на Измена и дополнување на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 1, УБ 7 и УБ 9 изнесува 218752.03m2 , односно 21,88ха вклучувајќи ја и површината помеѓу регулационите линии одредени и површината до оските на сообраќајници,

 

Граница на плански опфат:

  • на север– се движи по оската на ул. 5, се до пресек со оска на ул. Вардарска (граница на блок 7);
  • на исток – се движи по оска на ул. Вардарска и продолжува кон југ по граница на месни заедници се до пресекот со оска на ул. „АСНОМ“ (Моша Пијаде) (граница на блок 7);
  • на југозапад – се движи по оска на ул. „АСНОМ“ (Моша Пијаде) до раскрсница со ул. Андо Шурков;
  • на запад – се движи по граница меѓу Блок 8 и Блок 9, па по оска на ул. Васа Кошулчева се до пресек со оска на ул. „АСНОМ“ (Моша Пијаде) до пресек со ул. 5 (граница на блок 7);

 

 

 

 

Во предметниот плански опфат се предвидува зона за градби со намена:

  • А – Домување и престој
  • Б- Комерцијални и деловни намени
  • Г – Рударство, енергетика и индустрија
  • Е – Инфраструктури
  • Е1 – сообраќајни линиски и други инфраструктури
  • Б/В – Мешовита намена
  • В – Јавни дејности и институции

 

 

Вкупната површина на планскиот опфат, што се применува при изработка на  Детален урбанистички план за дел од УЕ 1, дел од УБ 9, плански опфат помеѓу ул. „АСНОМ“ (Моша Пијаде), ул. „Алексо Демниевски“ и ул. „Новопланирана улица 1“ изнесува 16292.69m2, односно 1,63ха вклучувајќи ја и површината помеѓу регулационите линии одредени и површината до оските на сообраќајници.

 

Граница на плански опфат:

  • на северозапад – се движи по осовина на улица „Новопланирана улица 1“ се до пресек со оска на ул. „Алексо Демниевски“ на север;
  • на исток – се движи по осовина на ул. „Алексо Демниевски“ и се спушта на југ се до пресек со оска на ул. „АСНОМ“ (Моша Пијаде);
  • на југ – се движи по оска на ул. „АСНОМ“ (Моша Пијаде) се до пресекот со оска на улица „Новопланирана улица 1“;

 

Во предметниот плански опфат се предвидува зона за градби со намена:

  • Б- Комерцијални и деловни намени

Б1 – мали единици за комерцијални и деловни дејности

Б2 – големи единици за трговија

Б4 – деловни комерцијални дејности во големи канцелариски згради

 

  • Д – Зеленило, рекреација и меморијални простори

Д1 – парковско и пејзажно зеленило

Д2 – заштитно и сообраќајно зеленило

 

  • Е – Инфраструктури

Е1 – сообраќајни линиски и други инфраструктури

Е1.1 – сообраќајни патни инфраструктури

Е1.8 – инфраструктури за пренос на електрична енергија

 

 

Јавната презентација по Нацрт Измена и дополнување на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 1, УБ 7 и УБ 9  и Детален урбанистички план за дел од УЕ 1, дел од УБ 9, плански опфат помеѓу ул. „АСНОМ“ (Моша Пијаде), ул. „Алексо Демниевски“ и ул. „Новопланирана улица 1“ ќе се спроведе како обединета постапка со времетраење од 30 дена, и тоа од 10.07.2026 до 10.08.2026 година            .

 

Во утврдениот рок за јавната презентација заинтересираните граѓани и правни лица како и државните органи и други институции на анкетни листови ќе можат да ги доставуваат  своите забелешки, предлози и мислења по Нацрт Измена и дополнување на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 1, УБ 7 и УБ 9  и Детален урбанистички план за дел од УЕ 1, дел од УБ 9, плански опфат помеѓу ул. „АСНОМ“ (Моша Пијаде), ул. „Алексо Демниевски“ и ул. „Новопланирана улица 1“ во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

 

Урбанистичките планови ќе бидат изложени на огласна табла во просториите на Општина Велес, во информацискиот систем е – урбанизам и на web страната на Општина Велес https://veles.gov.mk  а информации за истите може да се добијат секој работен ден од 07:30 – 15:30 часот.

 

Јавната расправа за Нацрт Измена и дополнување на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 1, УБ 7 и УБ 9, Општина Велес со кој ќе се стави на увид и проверка пред широката јавност ќе се одржи на ден 18.08.2026 година (вторник) со почеток во 12:30 часот, во просториите на Општина Велес.

 

Стручна расправа по Нацрт Измена и дополнување на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 1, УБ 7 и УБ 9, Општина Велес ќе се одржи на ден 25.08.2026 година (вторник) во 12:30 часот, во просториите на Општина Велес.

 

Јавната презентација со стручно презентирање на Детален урбанистички план за дел од УЕ 1, дел од УБ 9, плански опфат помеѓу ул. „АСНОМ“ (Моша Пијаде), ул. „Алексо Демниевски“ и ул. „Новопланирана улица 1“, Општина Велес во аналогна форма ќе се одржи на ден 14.07.2026 година (вторник) во 12:30 часот, во просториите на Општина Велес.

 

Стручната јавност може да ги достави своите забелешки, предлози и мислења по Нацрт Измена и дополнување на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 1, УБ 7 и УБ 9  и Детален урбанистички план за дел од УЕ 1, дел од УБ 9, плански опфат помеѓу ул. „АСНОМ“ (Моша Пијаде), ул. „Алексо Демниевски“ и ул. „Новопланирана улица 1“, најдоцна во рок од 15 дена од одржување на стручната расправа.