Млади велосипедисти од Македонија, Албанија, Турција, Романија, Италија, Конго и Пакистан се дел од активностите во рамки на проектот „Една игра, една иднина: Педали за иднината“, кој тимот на Здружението на граѓани „Велес бајкинг“ го спроведува преку Национална агенција за европски образовни програми и мобилност Еразмус +.
Овие млади луѓе преку своите доживувања на велосипед ги запознаваат знаменитостите и природните убавини на Велес, се дружат меѓусебе и споделуваат интересни искуства и доживеани моменти.
Денеска тие дојдоа во посета на Општина Велес каде ги пречека заменик градоначалничката Елизабета Митревска Анќелеска, им посака пријатен престој во градот и да понесат прекрасни доживувања преку своите велосипедски авантури.
Преку активностите од проектот учесниците учат како да развиваат здрави животни навики, да ја унапредуваат соработката и тимскиот дух, да ја зголемат еколошката свест и да го користат велосипедот како средство за безбедна и одржлива мобилност.










