Под мотот „Отворив очиња-видов ден“ во саботата се одржа настан кој на едно место ги собра сите мајки татковци и новороденчиња, нивните браќа и сестри во Младински парк. Настанот го организираа вработените во Одделението за Гинекологија и акушерство при велешката болница, посветен на славењето на раѓањето на животот и подигнување на свеста за значењето на мајчинството, грижата за новороденчињата и поддршката на семејството.
Преку заедничко дружење на здравствените работници, родителите, децата и бројни граѓани беше испратена силна порака, дека секое новородено дете е нова надеж, нов почеток и најголемата вредност на секое општество.
Настанот го поддржа Општина Велес и неколку општествено одговорни компании. Организаторите се надеваат дека ќе прерасне во традиција.











