Поради екстремно високите температури и зголемената опасност од појава и ширење пожари, Општина Велес со апел до граѓаните да бидат максимално внимателни и одговорни при движење и престој на отворен простор, да не се пали оган на отворено, да не се палат стрништа, сува трева и отпад, како и да не се фрлаат догорчиња од цигари или други запаливи предмети во приорода. Дури и најмала невнимателност може да предизвика сериозни последици по животната средина, имотот и безбедноста на граѓаните.
Доколку забележите чад или пожар веднаш пријавете го на надлежните служби и постапувајте согласно нивните упатства.
Почитувајте ја забраната за движење во шумските подрачја што стартува од денеска, 1 јули и ќе важи до 31 август.
Да бидеме одговорни и внимателно да се однесуваме затоа што само така можеме да ги спречиме пожарите и да ги заштитиме нашите шуми, природни богатства и човечки животи.