На втората фестивалска вечер на сцената на Амфитеатар настапија „Распеани пензионери“ – Македонија, гостите од Мексико, македонското културно уметничко друштво „Светлост“ од Австралија, културно уметничкото друштво „Доситеј Обрадовиќ“ од Србија, гостите од Полска, Албанија и Италија.
Посетителите имаа можност да слушнат и видат традиционални танци и песни во изведба на фолклорните групи и ансамбли кои со своите кореографии изнудија силни аплаузи и овации кај публиката.
ИФФ „Велес 2026“ продолжува и вечерва со танците на Коста Рика, Македонија, Албанија, Мексико и Полска.


















