- Со ова решение СЕ ОДОБРУВААТ барањата за субвенционирање на дефицитарни занаетчии и занаети во изумирање на подрачјето на Општина Велес поднесени по објавениот Јавен повик со бр.25-2292/3 од 13.05.2026 година, за субвенционирање на дефицитарни занаетчии и занаети во изумирање на подрачјето на Општина Велес, на следните баратели, и тоа:
| Ред.бр. | Арх. број на барање | Име |
Презиме |
Адреса | Бруто износ во денари |
| 1. | 25-2292/4 од 14.05.2026 г. | Слободан | Димовски | ул.Васил Ѓоргов бр.42 | 15.000,00 |
| 2. | 25-2292/5 од 15.05.2026 г. | Анета | Јаневска | ул.9-ти Ноември бр.9 | 15.000,00 |
| 3. | 25-2292/6 од 15.05.2026 г. | Душко | Јаневски | ул.9-ти Ноември бр.9 | 15.000,00 |
| 4. | 25-2292/7 од 15.05.2026 г. | Пепи | Атанасов | ул.Ј.Х.К. Џинот бр.22 | 15.000,00 |
| 5. | 25-2292/8 од 15.05.2026 г. | Благородна | Донева | ул.Архиепископ Михаил бр.11 | 15.000,00 |
| 6. | 25-2292/9 од 15.05.2026 г. | Тина | Божикова | ул.Благој Ѓорев бр.56-2 | 15.000,00 |
| 7. | 25-2292/10 од 19.05.2026 г. | Гоце | Грујов | ул.Ристо Попов бр.29 | 15.000,00 |
| 8. | 25-2292/11 од 21.05.2026 г. | Марин | Јанев | ул.Кузман Јосифовски Питу бр.44 | 15.000,00 |
| 9. | 25-2292/12 од 28.05.2026 г. | Давор | Бошкоски | ул.Невена Горгиева Дуња бр.4/1-1 | 15.000,00 |
- На барателите од точката 1 на решението, им се утврдува правото на користење на финансиски средства за субвенционирање на дефицитарни занаетчии и занаети во изумирање на подрачјето на Општина Велес, со поединечна субвенција во износ од 15.000,00 денари по корисник, со вклучен персонален данок на доход.
- Уплатата на персоналниот данок на доход ќе ја изврши општината, а неговиот износ ќе се одбие од износот на доделената поединечна субвенција на барателите.
- Ова решение влегува во сила со денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е
Советот на Општина Велес донесе Одлука за определување на дефицитарни занаетчии и занаети во изумирање на подрачјето на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.3/26), според која на вршителите на занаетчиска дејност: грнчари, ковачи, опинчари, јажари, крзнари, шапкари, свеќари, венци, корпари, копчари, кујунџии, каменорезачи, клучари, саатчии, ткајачи, кондураџии, фурнаџии – фурна на дрва, рачна изработка на сита, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти, резба на дрво и бакар, пирографија, изработка на народни носии, домашна ракотворба, ракотворби – изработка на сувенири и производство од хартија, им се утврдува правото на поединечна субвенција, во износ не повеќе од 15.000,00 денари, со вклучен персонален данок на доход од Буџетот на Општина Велес во тековната година, од Програма за активностите на Oпштина Велес во областа на евроинтеграциите и локалниот економски развој, Програма Г1 – Локален фонд за поддршка на мали бизниси, стари занаети и ракотворци.
Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на дефицитарни занаети и занаети во изумирање на подрачјето на Општина Велес, спроведе постапката по објавениот Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии и занаети во изумирање на подрачјето на Општина Велес и изготви Предлог бр.25-2292/15 од 29.06.2026 година на баратели кои ги исполнуваат условите за користење на финансиски средства согласно Правилник за утврдување на условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства за субвенционирање на дефицитарни занаетчии и занаети во изумирање на подрачјето на Општина Велес со бр.25-2292/1 од 08.05.2026 година.
Врз основа на горенаведеното, а согласно Записникот со бр.25-2292/14 од 29.06.2026 година, како и Предлогот на баратели кои ги исполнуваат условите за користење на финансиски средства со бр.25-2292/15 од 29.06.2026 година на Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на дефицитарни занаети и занаети во изумирање на подрачјето на Општина Велес, Градоначалникот одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се поднесе тужба до Управен суд во рок од 30 дена од денот на доставувањето на решението.


