Градоначалникот Марко Колев утрово ги пречека занаетчиите чии барања беа одобрени по првиот јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаети и занаети во изумирање. Вкупно девет велешки занаетчии ќе добијат финансиска поддршка од Општина Велес за развој и унапредување на својот занает.

Оваа мерка за прв пат се реализира во Општина Велес со која се дава конкретна поддршка на луѓето чија работа е да ја чуваат традицијата, умешноста и препознатливиот дух на градот.

Општина Велес продолжува да вложува во локалниот економски развој преку поддршка на занаетите кои се дел од нашето богато културно наследтсво.