На 12 јуни 2026 година се навршуваат 213 години од раѓањето на неимарот Андреја Дамјанов и 148 години од неговата смрт. Делегација на Општина Велес му оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште на градските гробишта во црквата „Св. Великомаченик Пантелејмон“.
Андреја Дамјанов е познат градител од 18 век кој со своите браќа градел цркви во Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и во други балкански земји. Тој е роден во 1813 година во велешкото село Папрадиште и претставува симбол на македонското неимарство. Дамјанов лично присуствувал при изградбата на секоја црква. Неговите сакрални објекти се карактеризираат како врвни архитектонски дела со декоративни елементи на столбовите и со добра акустика.
Андреја Дамјанов е градителот на црквата посветена на Свети Пантелејмон, светецот-заштитник на Велес, надалеку позната по изразот „Македонска миланска скала“.




