На 13 јули 2026 година се навршуваат 75 години од смртта на народниот учител и учесник на двата Илиндена, Панко Брашнаров. Делегации на Општина Велес, советници и институции положија свежо цвеќе на неговиот споменик и достојно ја одбележаа годишнината од неговото заминување. За ликот и делото на Панко Брашнаров и неговата борба за слобода, пред присутните говореше историчарот и советник во Советот на Општина Велес, Слободан Ников.
Панко Брашнаров е роден во Велес во 1883 година. Учесник е во најзначајните историски моменти во борбата на македонскиот народ за независност и слобода. Од Илинден, Балканските војни, Првата светска војна, па сè до историскиот АСНОМ. Избран е за народен пратеник и претседавач на Првото заседание на АСНОМ и член на АВНОЈ. По неколку години работа во штотуку организираната држава, како приврзаник на ставовите во Резолуцијата на Информбирото, Брашнаров е приведен, прогласен за непријател на власта и испратен на злогласниот остров Голи Оток, Република Хрватска, каде починува на 13 јули 1951 година.
Нека му е вечна слава!










