Во организација на СОУ „Гимназија Koчо Рацин“ и Мировен корпус ќе се одржи едукативен настан наменет за наставници, училишни администратори, директори и стручни соработници од училиштата во Општина Велес. Настанот ќе се реализира на 19 август 2026 година, во периодот од 11:00 до 13:00 часот во просториите на гимназијата, а целта е да им се обезбеди на образовните работници практични знаења и алатки за развивање меѓународна соработка како и да се запознаат со можностите за учество во програмата Erasmus+ на Европската Унија и со други јавно финасирани меѓународни проекти. Преку овој настан учесниците ќе добијат насоки за тоа како да се поврзат со меѓународни партнери, како да развиваат проектни идеи, како да подготвуваат проектни апликации и како да користат достапни можности за професионален развој и институционална соработка.

Заинтересираните учесници можат да се пријават најдоцна до 29 јули 2026 година преку следниот линк https://forms.gle/J6caMtziAhmEELdz6.