Уште едно кино на отворено во рамки на „Велешко лето 2026“. Вчеравечер во Градски парк младите имаа можност да ја проследат проекцијата на популарниот анимиран филм „Авантурите на Финик 2“, а пред тоа да уживаат во забавните игри и кино гејмингот.
„Велешко лето“ продолжува и денес со интересни содржини, а во вечерните часови љубителите на спортот ќе имаат можност да го проследат преносот во живо на првиот полуфинален натпревар од светското првенство во фудбал во Амфитеатар. Ве очекуваме.