Најмладите од детската градинка „Димче Мирчев“ деновите уживаат во интересни активности на градскиот базен, каде преку игра во вода ги развиваат своите моторички способности и самодовербата а истовремено учат како безбедно да се однесуваат во вода. За таа цел, Општина Велес во соработка со Сојузот на училишен спорт Велес 2002, обезбеди стручни лица, спортски реквизити и бесплатен влез за децата на возраст од 5 до 6 години.
Овие активности се дел од проектот „Спортуваме, другаруваме“ кој веќе 15 години им овозможува на најмладите да ја развиваат љубовта кон спортот, здравите животни навики и вистинските другарства.