Фудбалска атмосфера во Амфитетарот во Велес. Вчеравечер љубителите на фудбалот го проследија и вториот полуфинален натпревар меѓу Англија и Аргентина од Светското првенство во фудбал, што се емитуваше во рамки на „Велешко лето 2026“.
По возбудливата и неизвесна игра, репрезентацијата на Аргентина обезбеди пласман во големото финале, каде што ќе се соочи со Шпанија, во борбата за светската титула.