Информација за одржување на Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Изградба на брза железничка пруга долж Коридор 10“, за потребите на инвеститорот Министерство за транспорт.
Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 6 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 36/2016, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25), ја известува заинтересираната јавност дека Јавнатa расправa по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Изградба на брза железничка пруга долж Коридор 10“ ќе се одржи на:
-4 август 2026 година (Вторник), во Електронска сала на општина Велес со почеток во 11.00 часот.
-5 август 2026 година (Среда), во салата на Советот на Град Скопје, барака 13 со почеток во 11.00 часот.
–6 август 2026 година (Четврток), во салата на Дом на култура „Мирка Гинова “во општина Демир Капија со почеток во 12.00 часот.
Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk и во просториите на Секторот за комуникација со јавност на Министерството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Истата е достапна за увид до 13.08.2026година


