Општина Велес ги известува граѓаните дека, согласно Решение бр.26-1300/8 од 28.07.2026 година, издадено од Агенција за храна и ветеринарство, се забранува користење на водата за пиење од природна чешма с. Башино село.
Поради утврдена неправилност, водата не смее да се користи за пиење, сè до укинување на забраната од страна на надлежниот орган.
На локацијата е поставена соодветна информативна табла со натпис “ЗАБРАНЕТО ПИЕЊЕ НА ВОДАТА”, а Општината ќе ја информира јавноста веднаш по добивање на официјална потврда дека водата е безбедна за употреба.
Ги повикуваме граѓаните доследно да ја почитуваат изречената забрана и да постапуваат согласно насоките на надлежните институции.



