Вечер исполнета со моќна изведба на театарска музика, силни емоции и посебна атмосфера. Концертот на Орхидеја Дукова и Сашко Костов кој се одржа во прекрасниот амбиент на Спомен Костурницата предизвика големо внимание кај бројната публика која ги награди со топли аплаузи.
Присутните имаа можност да уживаат во прекрасниот репертоар кој ги спои, традицијата, емоцијата и современиот музички израз.
Концертот се одржа во рамки на Велешко лето 2026.