По повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија, на 12 август, среда, ќе се одржи музичко сценски настан од музичкиот караван „Силно светнал ден“, предвиден во рамки на одбележување на празникот.
Настанот ќе се одржи во паркот пред општинската зграда во 20:30 часот. Поради непречено одржување на настанот и обезбедување на потребниот простор, се известуваат граѓаните да не ги оставаат своите возила на паркингот пред општината и на паркингот пред Катастар.
Се замолуваат граѓаните за разбирање и соработка, како и навремено да ги отстранат возилата од наведените паркинг простори.
Ви благодариме за разбирањето.



