На 17 и 18 август, понеделник и вторник, на паркингот кај СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ ќе се одржи мото настан „Гимкана“ и „Спора трка“. Поради непречено одржување на настанот, паркингот ќе биде затворен за возила.

Се замолуваат граѓаните за разбирање како и навреме да ги отстранат своите возила од наведениот паркинг простор.

Спортските настани се во рамки на програмата за одбележување на „Велешко лето 2026“.

 

Ви благодариме за разбирањето.