Вчеравечер во Европска куќа се прикажа краткометражниот филм со наслов „Поинакви“. Централен лик во филмот е Јордан кој низ својата животна приказна присутните ги запозна со светот на лицата со аутизам, нивните секојдневни предизвици, но и талентот, искреноста, љубовта и животната радост што ја носат во себе.

Филмот испрати силна порака дека различностите не треба да не разделуваат туку нé учат да се прифаќаме, разбираме и меѓусебно почитуваме.

Проекцијата на краткометражниот филм „Поинакви“ е дел од активностките за одбележување на „Велешко лето 2026“ во соработка со Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес.