Во рамки на програмата на Велешко лето 2026 вчеравечер на игралиштето во Дворови се одржа креативна работилница „Книга во лето“ во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес. Најмладите наши сограѓани имаа можност да ја изразат својата креативност и изработија уникатни букмаркери, меѓусебно се дружеа и се забавуваа. Работилницата ја надополни и омилената маскота Руми.




















