Вчеравечер во Europe House беше отворен 23. Меѓународен салон на стрип „Велес 2026“, во организација на Стрип центарот на Македонија. Посетителите имаа можност да ги видат дел од изложените стрипови, а беа прогласени и најдобрите автори од годинешниот меѓународен конкурс. Годинава се доделија и три специјални награди за млади автори во соработка со Европската куќа.
Во рамки на стрип активностите на овогодинешното Велешко лето денеска во Куќата на Касапови започнува и седмата стрип колонија со учесници од Македонија, Романија, Србија, Хрватска и Бугарија кои неколку дена ќе ги изработуваат своите уметнички дела.





