Регионалниот стационар „Шепа“ од почетокот на годинава до денес залови 118 бездомни кучиња од кои 11 се вдомени, 11 се еутанизирани, а останатите по третманот, согласно законските одредби, се вратени на локацијата од каде биле заловени.

Во 2025 година биле заловени и третирани 131 кучиња од кои 20 успешно вдомени, 10 еутанизирани и останатите се вратени.

Регионалниот стационар „Шепа“ од почетокот на своето постоење до сега активно ги извршува своите работни задачи и ги третира бездомните кучиња.

Во посета на „Шепа“ беше градоначалникот Марко Колев кој одблиску се запозна со активностите што секојдневно се реализираат и со условите во кои се згрижуваат и третираат бездомните кучиња.

Со отворањето на стационарот постепено се решава долгогодишниот проблем на граѓаните, обезбедувајќи хуман третман на кучињата од улица, но и поголема безбедност за граѓаните.

Граѓаните кои сакаат да вдомат куче, можат да ја посетат веб страницата на стационарот „Шепа“ , каде се објавени сите кучиња достапни за вдомување.