Уличните уметници од караванот на Баскерфест вчеравечер го преполнија Амфитеатарот во Велес. Многубројната публика љубопитно ги следеше точките и изведбите на уметниците од Аргентина, Чиле, Колумбија, Мексико и ги наградуваше со аплауз. Баскерфест предизвика вистинско летно доживување и воодушевување. Пред настапот на уличните уметници атмосферата ја загреа DJ 5rov.
Програмата на „Велешко лето 2026“ продолжува и вечерва во 20:00 часот во Младински парк со настапите на училишниот бенд на ООУ „Блаже Конески“ и Херц.