Домашни и странски хитови во изведба на млади талентирани ученици и разиграна публика, ваква беше атмосферата вчеравечер во Младински парк на концертот на школските музички бендови од ООУ „Блаже Конески“ и Гимназија Кочо Рацин’ .

Вчерашниот настан беше уште една сцена на која младите имаа можност да го покажат својот талент, а публиката да ужива во убавата летна атмосфера.

Програмата на „Велешко лето 2026“ продолжува вечерва со детската претстава „Трите музички прасиња“.