По речиси два месеца исполнети со музика, култура, уметност, спорт и дружење, вечерва завршува „Велешко лето 2026“ – манифестација која и годинава донесе богата програма и повеќе од 40 настани на различни локации низ Велес.
Од концертни вечери и театарски претстави, до културни и спортски содржини, „Велешко лето“ понуди по нешто за сите генерации и уште еднаш го потврди Велес како град со богат културен и општествен живот.
Зад нас остануваат бројни средби, насмевки, аплаузи и убави спомени од едно долго и содржајно лето.
Манифестацијата ќе биде заокружена со претстава на театарот „Солза и смеа“, во Амфитеатарот како и настапот на DJ Kiki, со што на симболичен начин ќе се стави крај на уште едно успешно издание на „Велешко лето“.
Општина Велес упатува благодарност до сите учесници, уметници, организатори, партнери и, пред сè, на граѓаните на Велес кои беа дел од секоја приказна, секој настан и секоја летна вечер.