Започна чистењето на вториот дел од Отовичка река. Механизацијата е на терен и моментално се чисти коритото на реката. Овие активности се дел од континуираните заложби за ревитализација на езерото „Младост“ и подобрување на животната средина.
Со овој проект треба да бидат исчистени околу 800 метри од речното корито, во продолжение на делот кој беше опфатен во претходните активности. Целта е да се подобри пропусната способност на реката и да се намали наносот што завршува во езерото.
Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Општина Велес и Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, а се реализира преку Центарот за развој на Вардарски плански регион.












