Велес ќе биде домаќин на атлетски натпревар во рамки на Купот на Македонија за пионери во организација на Атлетската федерација на Македонија. По пауза од 16 години, Велес повторно се најде на атлетската мапа. Младите атлетичари ќе имаат можност да ги покажат своите способности на обновената атлетска патека на Градскиот стадион „Зоран Паунов“.
Атлетскиот натпревар ќе се одржи на 6 септември, недела, со почеток во 16:30 часот.
Општина Велес ги поканува сите љубители на атлетиката да им дадат поддршка на младите атлетичари и да бидат дел од еден несекојдневен спортски настан.


