Денес се одбележуваат 82 години од битката кај Раштански колиби, една од значајните од Народноослободителната борба во велешкиот крај.
На ова место, недалеку од Велес, пред 82 години се водела жестока борба меѓу борците на Четвртиот баталјон на Осмата велешка бригада и германските војници, во обид да се зачуваат позициите на слободната територија.
Борбата траела околу еден час, а во неа биле употребени сите расположливи борбени средства. Во битката своите животи ги загубиле 15 млади борци, кои останаа запаметени како дел од борбата за слобода.
Општина Велес го чува споменот на загинатите борци и продолжува да ја негува историската меморија за нивната жртва.


