По успешно одржаниот Куп на Македонија за пионери изминатиот викенд, овој викенд, на Градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес, ќе се одржи Купот на Македонија за младинци и младинки на кој млади атлетичари ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини.
Натпреварите ќе се одржат сабота и недела (12 и 13 септември) и тоа во сабота од 10:00 часот и недела од 16:00 часот.
Љубителите на овој спорт ќе имаат можност да проследат уште еден спортски настан и да им дадат поддршка на младите атлетичари од земјава.


