Согласно насоките од Центарот за јавно здравје – Велес, Општина Велес, ја информира јавноста дека, на ден 14 септември 2026 година (понеделник) во перод од 20:00 до 24:00ч. ќе спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во с. Кумарино.
Оваа активност претставува вонредна мерка за вонредно прскање против комарци која се реализира врз основа на постоење ризик од застоените води во с.Кумарино.
Паралелно со оваа вонредна мерка, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Велес, континуирано се реализираат и редовните активности за дезинсекција на целата територија на Општина Велес.
Ларвицидно третирање против ларви од комарци извршено на 7 април 2026 година;
Аеоросолна дезинсекција е комплетно спроведена и тоа:
Прво авионско третирање на 15 јуни 2026 година;
Второ авионско третирање на 10 јули 2026 година;
Трето авионско третирање на 10 август 2026 година;
Второ ларвицидно третирање 14 септември 2026 година.
Наведените активности извршени се под надзор од стручно лице од ЦЈЗ Велес.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Истовремено, за акцијата да се реализира безбедно и ефикасно, ги замолуваме граѓаните во наведениот временски период, доколку се во можност, да ги држат затворени прозорците и вратите од своите домови.
Со почит,
Општина Велес


