Општина Велес упатува јавен повик до сите заинтересирани физички и правни лица кои изработуваат ракотворби и рачно изработени производи да бидат дел од Базарот на рачно изработени производи, кој ќе се одржи во рамки на Гастрономско-туристичката манифестација „Фестивал на велешка пита и вино – Питијада 2026“, на 9, 10 и 11 октомври 2026 година.

За учество на базарот, заинтересираните треба да достават барање за обезбедување тезга во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес, најдоцна до 30 септември 2026 година.

Со барањето правните лица треба да достават копија од тековна состојба, додека физичките лица копија од лична карта.

Тезгите ќе бидат поставени на улица „Благој Ѓорев“, кај влезот на Гимназија „Кочо Рацин“.

Согласно одлука на Советот на Општина Велес донесена на 15. седница на советот, одржана на 09 септември 2026 година, надоместокот за користење на тезга изнесува 2.000,00 денари по локација за целото времетраење на манифестацијата.

При поднесувањето на барањето, согласно истата одлука, се плаќа административна такса во износ од 1.000,00 денари

Ве очекуваме, бидете дел од празничната атмосфера на ПИТИЈАДА 2026!