Општина Велес ги известува здруженијата на граѓани, спортски клубови, невладини организации, урбани заедници, месни заедници и други организации, како и сите заинтересирани правни и физички лица, дека започнува постапката за доставување Барања за финансиска поддршка од Буџетот на Општина Велес за 2027 година.

 

Барањата се доставуваат за потребите на подготовката на предлог-програмите и Предлог-буџетот на Општина Велес за 2027 година.

Заинтересираните субјекти можат да достават барања за финансиска поддршка за активности, согласно надлежностите на Општина Велес и расположливите средства во Буџетот на Општината.

 

Начин и рок за поднесување:

Барањето треба да содржи основни податоци за подносителот, опис на активноста за која се бара финансиска поддршка, цели и очекувани резултати, како и образложение за потребните финансиски средства.

Кон барањето, по потреба, се приложува и соодветна документација согласно видот на барателот и намената за која се бара финансиската поддршка.

 

Барањата се доставуваат најдоцна до 06.10.2026 година, на еден од следните начини:

  • во писмена форма до архивата на Општина Велес;
  • по електронска пошта на следната адрес:opve@veles.gov.mk

 

Напомена:

 

Доставувањето на Барање не претставува гаранција за одобрување на финансиски средства.

Барањата ќе бидат разгледани во рамките на постапката за подготовка на предлог-програмите и Предлог-буџетот на Општина Велес за 2027 година, согласно законските прописи, утврдените приоритети и расположливите буџетски средства.

Формуларот за поднесување на Барање за финансиска поддршка може да се преземе на следниот линк или од архивата на Општина Велес.