По десетти пат на тениските терени во Градскиот парк се организираше Отвореното првенство ,,Македонија Велес Опен 2019″ кое беше под покровителство на Македонската тениската федерација. Натпреварите помеѓу тенисерките од повеќе македонски клубови беа вистинско уживање за љубителите на ,,белиот спорт”.
Овој спортски настан беше во организација на тенискиот клуб ,,Борец”, а финансиски беше поддржан и од Општина Велес.
Официјални резултати:
🏅Прво место: Александра Симева,ТК ,,Парк”,Скопје
🥈Второ место: Ива Кузмановска,ТК ,,Југ”,Скопје
🥉Трето место: Симона Ангелова и Јана Огњановска ,ТК ,,Југ”,Скопје