Во локалната библиотека денес се одржа настан на кој беа доделени награди на учениците чиишто ликовни и литературни творби беа избрани по повод Европската недела на мобилност 2026.

Преку своите цртежи и творечки вештини, најмладите испратија прекрасни пораки за почист, побезбеден и поубав свет, со повеќе движење и грижа за животната средина.

Честитки до сите наградени за нивната креативност, идеите и вложениот труд!

Воедно, голема благодарност и до сите ученици кои земаа учество, наставници/ментори и родители кои се вклучија во активноста,

Посебно сме благодарни  на поддржувачите на настанот Алкалоид АД Скопје, Стокомак маркети ДОО и ПЗУаптеки Еурофарм, кои како општествено-одговорно компании – обезбедија пригодни награди за добитниците.

Во продолжение листа на добитници:

Ученици од I до Одделение

Литературна творба:

1ва награда Зорана Панова IV б Ментор:Десана В.Христова од  О.О.У Панко Брашнаров

2ра награда Марија Иванова III б Ментор Јован Јовановски  од О.О.У Кирил и Методиј

3та награда Оливер Тодоров IV 6 Ментор Емилија Несторова од О.О.У Васил Главинов

Ликовна творба:

1ва награда Ноневски Јана IV б Ментор: Сања Ников од О.О.У Св.Кирил и Методиј

2ра награда Ева Ристовски I-4 Ментор: Величе Милошевска и Мартина Христова од Блаже Коневски

3та награда Марко Петров V-б Ментор: Елена Тодевска од О.О.У  Св.Кирил и Методиј

 Ученици од  VI до  IX  Одделение

 Литературна творба:

 1ва награда Сара Тодоровска VII 5 Ментор:Каролина Попова  од О.О.У Васил Главинов

2ра награда Мелек Османи VI  Ментор:Софија Шуркова Синадиновска од Лирија -Бузалково

3та награда Анастасија Цветковска     Ментор Стојна Тодороска  од О.О.У Кирил и Методиј

Ликовна творба:

1ва награда Марта Ќулумова VI а Ментор Васил Гаврилов од од  О.О.У Панко Брашнаров

2ра награда Дијан Јакупи   VII1  од  Ментор :Халит Салију  од  О.О.У Лирија -Бузалково

3та награда Јована Арсовска VIII в Ментор Илко Стојановски од О.О.У Св.Кирил и Методиј