Општина Велес ги известува жителите на с. Башино село дека, согласно Решение бр.26-1300/18 од 16.09.2026 година, издадено од Агенција за храна и ветеринарство, се забранува користење на водата за пиење од селски водовод во с. Башино село.
Поради утврдена неправилност, водата не смее да се користи за пиење, сè до укинување на забраната од страна на надлежниот орган.
На локацијата е поставено соодветно предупредување со натпис “ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ”, а Општината ќе ја информира јавноста веднаш по добивање на официјална потврда дека водата е безбедна за употреба.
Ги повикуваме жителите доследно да ја почитуваат изречената забрана и да постапуваат согласно насоките на надлежните институции.
Со почит,
Општина Велес



