По повод Меѓународниот ден на Бошњаците, 28 Септември, Општина Велес упатува искрени честитки до сите припадници на бошњачката заедница.

Овој ден е можност да се потсетиме на значењето на културното наследство, јазикот, традицијата и идентитетот, но и на вредностите што нè поврзуваат – почитта, заедништвото, толеранцијата и меѓусебното разбирање.

Велес е град во кој различностите се дел од неговото богатство, а еднаквоста и почитувањето на сите заедници се темел за градење современо и инклузивно општество.

На сите припадници на бошњачката заедница им посакуваме здравје, среќа, успех и просперитет, со желба за продолжување на заедничката соработка и градење на подобра иднина за сите граѓани.

Честит Меѓународен ден на Бошњаците!